Макрон и Шолц му пишаа и на Курти: Покажете подготвеност за тешки одлуки

Претседателот на Франција и канцеларот на Германија упатија апел до премиерот на Косово да покаже максимална решителност и подготвеност за носење тешки одлуки. Вчера истото му го пишаа и на Александар Вучиќ.

Фото: ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц во неделата испратија заедничко писмо до косовскиот премиер Албин Курти, во кое апелираат да покаже „максимална решителност и подготвеност“ за донесување тешки одлуки, кои водат кон напредок во дијалогот меѓу Србија и Косово под покровителство на Европската Унија.

Тоа е идентично писмо на она што двајцата државници претходно во неделата го испратија до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Неодамнешните тензии покажаа дека итно се потребни конструктивни чекори напред, и на практично и на политичко ниво. Затоа, ги задолживме нашите советници за надворешна и безбедносна политика, Јенс Плотнер и Емануел Боне, да му дадат директна поддршка на (специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија) Мирослав Лајчак во неговите напори. Предлагаме нашите советници заедно со Лајчак да ги посетат Косово и Србија за да ги истражат можностите за брзо придвижување на процесот“, велат Шолц и Макрон.

Велат дека писмото го испратиле „во момент од клучно значење за безбедноста на европскиот континент и стабилноста во регионот на Западен Балкан“.

„Убедени сме дека, во контекст на руската агресија врз Украина, мора да вложиме уште посилни напори за да ја направиме реалност европската перспектива на земјите од Западен Балкан и да ги решиме долгорочните билатерални и регионални спорови. Целосната нормализација на односите меѓу Косово и Србија е од суштинско значење за Западен Балкан“, напишаа германскиот канцелар и францускиот претседател.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе