Макрон и понатаму гневен на Австралија: Виновни сте за нарушената доверба

Францускиот претседател Емануел Макрон кажа денес во телефонски разговор со австралискиот премиер Скот Морисон дека ја нарушил довербата меѓу двете земји и дека сега официјална Канбера треба да работи на поправање на односите, соопшти Елисејската палата.

EPA-EFE

Во разговорот пред самитот на Обединетите нации за климатските промени, кој почнува на 31 октомври во Глазгов, Макрон го повика Морисон да се обврзе на сопирање на ископувањето јаглен и употребата на јагленот за производство на електрична енергија, пренесува Ројтерс.

Односите на двете земји се нарушени од минатиот месец кога Австралија, откако склучи партнерство со Британија и САД во областа на одбраната и безбедноста, соопшти дека се повлекува од договорот за воени подморници со француската компанија Навал груп.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе