Макрон и Камала Харис: Соработката меѓу Франција и САД е апсолутно клучна

Францускиот претседател Емануел Макрон и американската потпретседателка Камала Харис се согласија дека соработката меѓу Франција и САД е клучна и дека се на почеток на нова ера во односите, два месеци по кризата предизвикана од австралиското откажување на договорот за изградба на подморници.

EPA-EFE/IAN LANGSDON

„Се согласуваме дека сме на почеток на нова ера и дека нашата соработка е апсолутно клучна“, рече Макрон на средбата со Харис, која пристигна во петдневна посета на Париз. Нејзината посета треба да овозможи завршување на помирувањето меѓу двете земји најавено од средбата на Макрон и Џо Бајден на маргините на Г20 во Рим кон крајот на октомври.

„Пред некој ден имавме плодна средба во Рим со претседателот Бајден, кој го покажа патот за следните недели, месеци и години“, додаде Макрон на почетокот на разговорите со Харис.

„Французите се многу горди што дојдовте“, рече тој.

„Мислам, како и вие, дека сме на почеток на нова ера полна со предизвици, но и можности“, одговори американската потпретседателка.

„Кога Франција и САД работеа заедно во минатото, тоа секогаш беше крунисано со успех, благодарение на нашите заеднички вредности и приоритети“, рече таа, додавајќи дека двете земји имаат заедничка желба да бидат светски лидери и да им помогнат на другите народи во овие трагични времиња на пандемија.

Харис и Макрон треба да зборуваат за безбедноста, пандемијата, климата и вселената. Во средината на септември, Соединетите Американски Држави и Австралија му зададоа тежок удар на Париз со формирање одбранбен сојуз на Пацификот. Тоа партнерство, наречено АУКУС, предизвика гнев на Франција бидејќи поради него пропадна договор вреден повеќе милијарди долари за австралиско купување француски подморници. Франција го сфати тоа како предавство.

Тоа беше најсериозната дипломатска криза меѓу историските сојузници по француското „не“ за војната во Ирак во 2003 година. Пред Камала Харис, државниот секретар Антони Блинкен и советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан го посетија Париз за да го смират гневот на Франција пред средбата Бајден-Макрон во Рим пред десет дена.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/IAN LANGSDON

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе