Макрон: Го убедив Трамп да ја остави војската во Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека го убедил американскиот колега Доналд Трамп да ги остави американските сили во Сирија. Минатиот месец Трамп изјави дека американските сили многу брзо ќе се повлечат од Сирија.

Во телефонскиот разговор во пресрет на нападите од саботата, Макрон, како што кажа, го убедил Трамп да не се повлекува од Сирија. „Го убедивме дека е потребно да остане таму“, рече тој, пренесе Би-би-си.

Четириесет и осум часа по американските, француските и британските напади, францускиот претседател долго зборуваше за Сирија.

Нагласи ѝ дека го убедил Трамп да ги ограничи нападите од саботата на постројките за хемиско оружје.

Во одбрана на акцијата, рече: „Дојдовме до точка во која со цел да ѝ се врати кредибилитетот на меѓународната заедница нападите беа неопходни“.

Акцијата на САД, Франција и Велика Британија, изведена во текот на ноќта во саботата поради наводниот напад на сирискиот режим со хемиско оружје во Дума, е „успех на воен план“, рече Макрон во телевизиското обраќање.

Тој го отфрли можното прогласување на акцијата за незаконска истакнувајќи дека во Сирија делувала „меѓународната заедница“.

„Имаме три членки на Советот за безбедност на ОН кои учествуваа“, рече тој, мислејќи притоа на својата земја, САД и Велика Британија.

Франција со воената акција не ѝ објави војна на Сирија на Башар ал-Асад додаде Макрон, потсетувајќи дека Париз сака инклузивно политичко решение за војната во Сирија, кое би ги вклучувало сите учесници.

Со цел да се постигне трајно решение потребно е да се разговара со Иран, Русија и Турција, рече Макрон во интервјуто.

Универзитетите повеќе не се место за натпревар помеѓу кандидатите во креација, научна продукција и сл., туку место за „вдомување“ на партиски активисти.

повеќе

Спортските организации својата активност премногу ја имаат насочено кон дејноста спорт како игра, тренирање или бизнис, а не кон спортот како социјална потреба во функција на подобрување на општествените состојби.

повеќе

Н е јасно како оваа одложена покана е поразлична од онаа од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

повеќе