Макрон: Го разбирам гневот на граѓаните, но продолжувам да одам секаде

Францускиот претседател Емануел Макрон порача денес дека насилството не е споиво со демократијата и дека без оглед на инцидент со шлаканицата ќе продолжи да комуницира со граѓаните во јавност.

EPA-EFE

Откако во вторникот при посета на југоисточниот дел на Франција беше удрен од еден граѓанин, Макрон изјави дека го разбира незадоволството на граѓаните, но дека насилството е целосно неприфатливо во демократска држава.

„Го разбирам гневот на граѓаните. Го прифаќам фактот дека постои гнев кој граѓаните мора легитимно да го изразат. Редовно сум во контакт со луѓе кои изразуваат гнев и вознемиреност поради одредени одлуки, а секогаш сум тука да дадам одговори на прашањата, а некогаш и не. Меѓутоа, насилството е целосно неприфатливо, особено во демократијата“, порача францускиот претседател.

Тој додаде дека и покрај инцидентот и понатаму радо ќе разговара со граѓаните во јавност.

„Ќе продолжам да одам секаде. Не смееме да се повлечеме пред насилството, а особено пред насилството над јавните службеници. Не треба да губиме премногу време на ова“, кажа Макрон.

Францускиот претседател, кој е на турнеја за да го почувствува „пулсот на земјата по пандемијата“, доби шлаканица за време на прошетка во јужна Франција додека ги поздравуваше граѓаните.

Полицијата чпо инцидентот го приведе 28-годишниот Демиен Тарел кој го удри Макрон, а според истражителите не ѝ бил познат на полицијата пред ова. Притоа беше уапсен и неговиот пријател кој го снимил инцидентот.

Обвинението за напад врз јавен службеник во Франција предвидува затвор до три години и парична казна од 45.000 евра.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе