„Да се најде решение“

Макрон: Го поддржуваме Косово и ги повикуваме Србија и Косово да постигнат договор

Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави во Париз дека неговата земја ќе ја продолжи поддршката на Косово и истовремено ги повика Косово и Србија да најдат решение и да постигнат договор.

EPA-EFE

Како што пренесуваат приштинските медиуми, Макрон на новинарите заедно со премиерот на Косово Аљбин Курти, пред почетокот на разговорот, им кажа дека народот и раководството на Косово како и сите земји од Западниот Балкан се заинтересирани за Европската Унија.

„Ги повикувам Косово и Србија како Европејци да се ангажираат во постигнувањето на договор и наоѓање компромис“, кажа претседателот на Франција.

Курти го покани Макрон да го посети Косово.

Косовскиот премиер оцени дека со доаѓањето на претседателот Џо Бајден на чело на САД, се создава нова политика со врамнотежено учество и поголема доверба од страна на Косово.

По обраќањето до медиумите почна средбата Макрон-Курти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе