„Гореше француската историја“

Макрон: Го избегнавме најлошото, заедно ќе го обновиме Нотр Дам (ВИДЕО)

„Најлошото е избегнато и ние заедно ќе го обновиме Нотр Дам“, рече францускиот претседател Емануел Макрон од пред полууништената катедрала, најавувајќи меѓународна кампања за собирање финансиски средства.

„Ќе се обратиме до најголемите таленти... и повторно ќе ја изградиме... Бидејќи тоа го очекуваат Французите, бидејќи тоа го заслужува нашата историја, бидејќи тоа е нашата длабока судбина.“

„Она што се случи вечерва е ужасна драма. Службите за итни случаи се бореа со огнот со екстремна храброст, професионалност и одлучност... Би сакал да им се заблагодарам од името на целата нација.“

„Ова е нашата историја, и таа гори“, рече Макрон.

Нотрдамската катедрала потврди дека главната структура е „спасена и зачувана“.

Ректорот на Нотр Дам, Патрик Жаквин, за локалните медиуми рече дека и Круната од трње и Туниката на свети Луј се зачувани.

Меѓутоа, останува стравот за многуте бесценети уметнички дела и артефакти што сè уште се наоѓаат во катедралата.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе