Смета дека коваат заговор со националистите

Макрон ги обвини руските олигарси и Бенон дека работат на уништување на ЕУ

Претседателот на Франција Емануел Макрон ги обвини поранешниот стратег на Доналд Трамп Стив Бенон и руските олигарси дека коваат заговор со европските националисти со цел уништување на Европската Унија.

Во денес објавеното интервју за француски весник, францускиот лидер кажа дека „Европејците не треба да бидат наивни“ околу прашањето за мешањето од странство пред овонеделните избори за Европскиот парламент, пренесува Асошиејтед прес.

Макрон кажа дека „Русите и некои други“ финансираат екстремистички политички партии во Европа, не наведувајќи детали.

Интервјуто е последниот обид на Макрон да обезбеди поддршка за својата партија на изборите за ЕП, на кои се очекува добар резултат на националистите на бранот на загриженоста поради емиграцијата.

Макрон особено го критикуваше Бенон кој во претходните денови беше во Франција и ја фалеше кампањата на лидерката на крајната десница Марин ле Пен. Таа, меѓутоа, се дистанцираше од Бенон бидејќи се обидува да го прошири кругот на гласачите.

Бенон, поранешниот главен стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, ја формираше организацијата „Движење“ со седиште во Брисел, за да ги промовира десничарските популистички групи во Европа.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе