Макрон: Европа не смее да биде себична

Францускиот претседател Емануел Макрон се заложи денес за буџетска солидарност во ЕУ во борбата против коронавирусот и истакна дека „Европа не смее да биде себична“.

Тој во интервју за водечките италијански дневни весници предупреди дека актуелната криза не може да биде надмината без европска солидарност во смисла на здравјето и буџетот, пренесува италијанска Ла стампа.

Тој истакна дека Франција е со Италија.

„Франција е тука за да ѝ помогне на Италија. Она што ме загрижува е болеста на секој човек, а ако не покажеме солидарност, Италија, Шпанија или некој друг би можел на своите европски партнери да им каже: каде бевте кога бевме на фронтот? Не сакам себична и поделена Европа“, истакна Макрон.

Истакнувајќи дека многу се зборува за кинеската и руската помош на Италија, тој го постави прашањето зошто никој никогаш не кажува дека Франција и Германија ѝ испорачале на Италија два милиони маски и десетици илјади заштитни одела.

Кажа и дека тоа не е доволно, но дека е сепак некаков почеток.

„Не смееме да дозволиме да бидеме затруени со она што го кажуваат нашите меѓународни партнери и конкуренти“, кажа францускиот претседател.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе