Макрон: Европа е готова ако Европскиот парламент заседава само во Брисел

Европа е готова доколку Европскиот парламент престане да заседава еднаш месечно во Стразбур и целосно се пресели во Брисел, рече во вторникот францускиот претседател Емануел Макрон.

Фото: ЕПА

„Во моментов силно се борам за идејата според која Европскиот парламент треба да заседава во Стразбур“, им рече Макрон на студентите во главниот литвански град Вилнус. „Ако прифатиме Европскиот парламент да заседава само во Брисел, готови сме затоа што за 10 години сè ќе се одржува во Брисел и луѓето ќе разговараат само меѓу себе во Брисел“, додаде тој.

Во писмото до претседателот на Европскиот парламент минатата недела, Макрон се пожали на одлуката привремено да се одржуваат седниците само во Брисел поради пандемијата на коронавирусот.

Европратениците обично се среќаваат во Стразбур една недела месечно, додека остатокот од времето го минуваат во Брисел.

Месечните преселувања од Стразбур во Брисел и обратно ја чинат Европската унија 114 милиони евра годишно, според ревизорите на ЕУ.

Критичарите долго време бараат укинување на ваквиот начин на функционирање на Европскиот парламент, но сегашниот систем остана во сила главно затоа што Франција би ставила вето на секој предлог што ќе го лиши Стразбур од сегашниот статус.

Париз вели дека Стразбур, кој се наоѓа близу границата со Германија, е симбол на европското повоено помирување и дека европските институции не треба да бидат централизирани во еден град.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе