Макрон: Запре дијалогот со Путин по откривањето на масакрот во Буча

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговиот дијалог со рускиот претседател Владимир Путин е запрен откако беа откриени масовни гробници во Украина.

Фото: ЕПА

„Од откриените масакри во Буча и другите градови, војната го смени правецот, па оттогаш не сум разговарал директно со него, но тоа не го исклучувам во иднина“, изјави Макрон за телевизијата Франс 5, пренесе Ројтерс.

Русија ги нарече обвинувањата дека нејзините сили убиле цивили во Буча „монструозен фалсификат“ дизајниран да ја оцрни руската војска.

Запрашан зошто не го следеше примерот на другите европски лидери и не отпатува во украинскиот главен град Киев, Макрон рече дека доказ за поддршка сам по себе не е потребен по руската инвазија на Украина на 24 февруари.

„Ќе се вратам во Киев, но ќе одам таму да донесам нешто корисно... затоа што е очигледно дека не морам да отпатувам таму за да покажам поддршка“, рече Макрон, додавајќи дека со украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарал околу 40 пати од почетокот на војната.

„Ако одам во Киев, тоа ќе биде да направам разлика“, рече тој.

Кремљ тврди дека започнал „специјална воена операција“ за демилитаризација и „ослободување“ на Украина од националистичките екстремисти. Украина и Западот го обвинуваат Путин дека започнал неиспровоцирана воена агресија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе