Макрон до Бајден: Ако продолжи „Прво Америка“, ќе биде „Купувај европско“

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигнува во посета на американскиот колега Џозеф Бајден со главна порака дека Европската Унија ќе воведе мерки под мотото „Купувај европско“ ако Вашингтон не го намали значително протекционизмот преку Законот за сузбивање на инфлацијата (ИРА), што е всушност уште посилно продолжување на политиката „Прво Америка“, која ја воведе поранешниот шеф на Белата куќа, Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Со симболична посета на Њу Орлеанс, град основан од Французите во 1718 година на тогашната француска територија Луизијана, Макрон ќе се обиде да ги угаси искрите меѓу сојузниците од двете страни на Атлантикот и растечкото верување дека Европа станува губитник во украинската војна.

Затоа што, според медиумите и аналитичарите во ЕУ, Америка сега економски стои подобро од Европа, масовната продажба на американско оружје на европските сојузници и Украина силно ја зајакна американската индустрија, а Вашингтон доби важни геополитички предности играјќи водечка улога во украинската војна.

Америка не почувствува никакви последици поради западните санкции против Русија и, згора на тоа, не само што е самодоволна кога станува збор за енергијата, туку и ѝ го продава својот течен гас на Европа три пати поскапо отколку што американските потрошувачи плаќаат за него, забележува францускиот неделник „Експрес“.

Макрон треба да добие и дополнителни гаранции дека Вашингтон не ја продолжува точно политиката на Трамп за вреднување само на американските интереси, особено кога станува збор за одбранбениот договор меѓу САД, Велика Британија и Австралија во Индо-Пацификот склучен без знаење на Париз и Берлин, како и „ножот во грб“, како што ја опишаа француските власти спогодбата со Австралија за раскинување на договорот за купување француски и набавка на американски подморници.

Еден од советниците на францускиот претседател Макрон рече дека „ќе биде многу важно Вашингтон да се согласи да ги ублажи последиците од законот ИРА“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц оцени дека огромните американски субвенции „ја извитоперуваат слободната трговија“, додека француската премиерка Елизабет Борн изјави дека Европа нема друг избор освен да ги искористи државните фондови и субвенции за да иницира енергетска и еколошка трансформација и да ја потисне инфлацијата.

Француската премиерка по разговорот со Шолц и со германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека треба да се воведе политиката и законот „Купувај европско“.

Берлин е многу попретпазлив во овој поглед, бидејќи Германија има многу поголеми инвестиции од Франција во американската економија, особено кога станува збор за автомобилската индустрија и енергетиката.

Министрите за трговија на Европската Унија на штотуку завршената седница побараа европските компании, исто како и канадските и мексиканските, да бидат изземени од американскиот закон ИРА, кој воведе повисоки царини и квоти за увоз, предупредувајќи дека „особено сериозно погодени се Европската автомобилска индустрија и производството на батерии за возила“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе