Макрон: Брегзит е дел од феноменот кој го донесе Трамп на власт

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го опише брегзитот како повик за будење во говор овој месец во кој ќе истакне дека Европа мора да покаже повеќе самодоверба во однос на соперничките светски сили, наведуваат извори блиски до кабинетот на францускиот претседател.

Намерата му е да испрати „предупредување“ до континентот, наведуваат помошниците опишувајќи го говорот на Макрон како најважен по оној во септември 2017 на универзитетот Сорбона во Париз во кој побара темелна реформа на Европската Унија.

„Ова е критичен период“, кажа за Ројтерс извор близок до Макрон. „Ако ние Европејците не сакаме уште еден брегзит и не сакаме да останеме на наивна одбрана на статусот кво, тогаш мора да се разбудиме“.

Говорот на Макрон се поклопува со растечките тензии на Западот, разнишан од политиката „Америка на прво место“ на американскиот претседател Доналд Трамп и излегувањето на Британија од ЕУ, а тука се и Кина и Русија како големи предизвици.

Иако Макрон ќе го искористи излегувањето на Британија од Унијата како столб на својот говор, намерата не му е да понуди иницијатива со која би се деблокирала пат позицијата во преговорите меѓу Лондон и Брисел, наведува изворот.

Датумот и местото на говорот сѐ уште не се потврдени.

„Нема да ги коментира преговорите или да понуди некаков вид „Макронов план“ за решавање на проблемот. Идејата е да се научат лекциите од брегзитот“, истакнал истиот извор.

Според мислењето на францускиот претседател, брегзитот е дел од истиот феномен кој го довел Трамп на власт и го предизвикал движењето на „жолтите елеци“ во Франција.

Макрон ќе се бори за „Европа која штити“ на мајските европски избори и ќе се труди да ги придобие гласачите со планови за реформирање на европската трговија, пазарната конкуренција, дигиталните и климатски политики.

Со говорот тој ќе се обиде да ги убеди своите европски колеги, кои ги разводнија неговите предлози од 2017, да почнат да размислуваат за Европската Унија како поцврст геополитички играч во безмилоснио свет.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе