Макрон: БиХ е темпирана бомба која чука покрај Хрватска

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека Босна и Херцеговина е „темпирана бомба која чука веднаш до Хрватска“.

Во големото интервју за лондонски Економист, тој зборуваше и за Босна и Херцеговина, истакнувајќи дека земјата се соочува со проблемот на џихадистите повратници.

„Уверен сум дека, како прво, мораме да ги рефромираме своите процедури за членство во ЕУ бидејќи тие веќе не служат на целта. Не се стретгиски. Исто така не се ни политички, туку се премногу бирократски и неповратни, а мора да бидете во состојба во некои моменти да го разгледате прашањето на реверзибилитетот. Второ, ако сте загрижени за овој регион (западен Балкан), првото прашање не се ни Македонија ни Албанија, туку Босна и Херцеговина. БиХ е темпирана бомба која чука веднаш покрај Хрватска и која се соочува со проблемот на враќањето на џихадистите“, кажа Макрон.

Тој како трет проблем ја наведе потребата од измена на процедурите за примање нови членови во ЕУ пред почетокот на преговорите.

„Ако тоа успееме да го реформираме во претстојните месеци, ќе бидам спремен повторно да ги почнеме преговорите – ако и тие постигнат дополнителни напори. Не сакам ниту еден нов член додека не ја реформираме самата Европска Унија“, истакна францускиот претседател.

Зборувајќи за противењето на Франција на Македонија и Албанија да им се одобри почетокот на преговорите за влегување во Европската Унија, тој порача дека „половина држави од ЕУ се против тоа да се почнат преговори со Албанија“.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе