Македонски и словенечки тенкови во пламен: Русите уништиле цел украински баталјон (ВИДЕО)

Руската војска уништила баталјон на украинските сили опремен со македонски и словенечки тенкови.

EPA-EFE

Станува збор за првиот механизиран баталјон на 28 бригада на украинската војска која дејствувала кај Криви Рог.

РИА Новости објави на социјалните мрежи снимка од тенковите во пламен кои на украинската војска ѝ стигнаа од Македонија и Словенија заедно со НАТО тенкови Т-72.

Исто така, на снимката се гледаат и единици на самоодни хаубици МТЛБ и борбени извиднички возила БРДМ, исто така во пламен.

Словенија на Украина ѝ даде 28 борбени тенкови од советско производство, а за возврат од Германија доби воена опрема, вклучувајќи 40 камиони.

„Словенија и Германија на тој начин ја поддржуваат Украина“, наведе тогаш германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт. Македонија исто така на крајот на јули ѝ донираше на Украина тенкови, иако не е прецизирано за колкав број станува збор.

Медиумите потоа соопштија дека станува збор за тенкови од третата генерација, а со оглед на развојот на технологијата, тие борбени возила се сметаат за неконкурентни и некомпатибилни.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе