Мајкрософт сака да ја купи популарната апликација Тикток, Трамп се противи

Американската технолошка компанија Мајкрософт вчера потврди дека води преговори со кинеската компанија Бајтденс за купување на нејзината популарна социјална апликација Тикток.

EPA-EFE

Мајкрософт соопшти дека ја продолжува соработката со американските власти околу договорот и дека планираат да ги завршат разговорите до 15 септември.

Ако договорот се склучи, Мајкрософт би можел истовремено да ги реши контроверзите во Вашингтон, но и да ја зголеми својата сила во областа ан потрошувачките технологии.

Соопштението е објавено два дена откако медиумите известија дека Мајкрософт е заинтересиран за купување на апликацијата Тикток. Набрзо откако се појавија медиумските написи, американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека е против идејата Мајкрософт да го купи Тикток и дека ќе ја забрани таа апликација во САД бидејќи смета дека компанијата своите податоци за корисниците ги споделува со Пекинг.

Мајкрософт размислува за купување на Тикток во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, а би можел да им понуди и на други американски инвеститори да се вклучат во преземањето, соопшти Мајкрософт додавајќи дека неговиот извршен директор Сатја Недела разговарал со Трамп. Компанијата не ги објави условите од договорот.

„Оваа нова структура би се засновала врз искуството кое корисниците на Тикток во моментот го сакаат, а истовремени би додала безбедност на светско ниво, приватност и дигитална безбедносна заштита. Оперативниот модел на услугата би бил осмислен да обезбедува транспарентност за корисниците, како и соодветен безбедносен надзор на властите во тие земји“, соопшти Мајкрософт.

Трамп се согласи да му даде на Бајтденс 45 дена да склучи договор со Мајкрософт за Тикток кој има 100 милиони американски корисници, јави Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори.

Мајкрософт соопшти дека ќе ги обезбеди податоците за американските Тикток корисници кои се наоѓаат во САД и податоците снимени на друго место да се бришат откако ќе се префрлат.

Портпаролот на Тикток вчера кажа дека податоците за американските корисници веќе се снимаат во САД. Компанијата упорно тврди дека не ги споделува корисничките податоци со Пекинг.

Не е јасно колку Мајкрософт би требало да плати за апликацијата Тикток. Ројтерс минатата недела јави дека оечкуваните проценки за вреноста на апликацијата на Бајтденс надминале 50 милијарди долари.

Тикток им овозможува на корисниците да снимаат кратки видеа, често со основни ефекти и музика, што стана многу популарно.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе