Мајката на убиецот од САД пред масакрот ја повикала полиција во врска со оружјето на нејзиниот син

Мајката на осомничениот за масовното пукање во Ел Пасо го повикала полицискиот оддел Ален во Тексас неколку недели пред пукањето бидејќи била загрижена за тоа што нејзиниот син поседува огнено оружје од типот АК, јави Си-ен-ен.

Таа ја контактирала полицијата бидејќи не била сигурна дали е во ред нејзиниот син да поседува такво оружје со оглед на неговата возраст, зрелост и недостаток на искуство, тврдат адвокатите на семејството на осомничениот. Полицијата ја упатила мајката на разговор со службеник за јавна безбедност кој ѝ рекол дека, врз основа на нејзиниот опис на ситуацијата, на нејзиниот 21-годишен син законски му било дозволено да купи и да поседува оружје.

Мајката на осомничениот анонимно ја контактирала полицијата, значи не го навела ниту своето име ниту името на својот син, а полицијата од неа не побарала никакви дополнителни информации пред да заврши повикот. Не е познато дали оружјето што го видела мајката, напаѓачот Патрик Крузиус го користел во масовното пукање.

Семејните адвокати тврдат дека прашањето на мајката бил чисто од „информативна природа“ и дека не бил мотивиран од загриженоста дека нејзиниот син може да повреди некого.

Патрик Крузиус е осомничен дека во саботата во Волмарт во Ел Пасо убил 22 лица и ранил повеќе од 20 пред да биде уапсен.

Тој го извршил нападот кога многу граѓани во таа прометна продавница купувале за новата учебна година. Објавувајќи го бројот на загинати на прес-конференција, гувернерот на Тексас, Грег Абот, рече дека тоа е „еден од најсмртоносните денови во историјата на Тексас“.

Државните обвинители најавија дека ќе бараат смртна казна за напаѓачот, а федералните власти го испитуваат масакрот како случај на домашен тероризам.

„Ќе го направиме она што им го правиме на терористите во оваа земја, ќе обезбедиме брза и сигурна правда“, рече јавниот обвинител Џон Баш.

Пред да тргне во крвавиот поход во Ел Пасо, Крузиус објавил манифест во кој ја осудува „инвазијата на Латиноамериканците на Тексас“.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе