Семејството живеело во петкатница во истанбулскиот кварт Есенлер, која во средата ја зафатил пожар.
Минувачите и станарите на зградата под нивниот прозорец растегнале чаршаф за да ги фатат децата. Итна служба потоа ги превезла децата во болница.
„Прво глеавме како се крева црн чад. Потоа ги слушнавме децата како викаат од прозорец и веднаш го подготвивме чаршафот. Жената ги фрлаше децата од прозорецот, ние ги фаќавме“, кажа еден сведок на настанот.
Мајката превентивно била префрлена во болница, но подоцна било потврдено дека ни таа ни децата немаат потешки повреди.
Од зградата во пламен биле спасени уште две деца и две возрасни лица. Пожарот подоцна го изгасиле службите.