Потрага по преживеаните

Мајка и нејзините три деца извлечени од под урнатините во Турција (ВИДЕО)

Под урнатините на зграда во турскиот град Измир, кој беше најтешко погоден од вчерашниот силен земјотрес, извлечени се мајка и нејзините три деца.

EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Мајката и нејзините деца поминале цели 23 часа под урнатините, објави турската новинска агенција Анадолија. Спасувачките екипи се обидуваат да извлечат уште едно од нејзините деца, објави агенцијата.

Додека спасувачите ги пренесувале мајката и нејзините деца до колата на брзата помош, некои од насобраните аплаудирале.

Спасувачките екипи во турскиот пристанишен град Измир пребаруваат низ урнатините на срушените згради по преживеаните од силниот земјотрес во петокот.

Бројот на жртвите од земјотресот, кој го погоди и грчкиот остров Самос, се искачи на 27, со над 800 повредени.

Деликатните операции на извлекување луѓе од под урнатините во Измир се одвиваат додека стотици последователни потреси ја тресат областа.

Американскиот геолошки институт (УСГС) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,0 степени, но Турција го спушти на 6,6 степени.

Дваесет и пет лица загинаа во Измир, на западот на Турција, соопштија властите. Девојче и момче загинаа во Самос кога се срушил ѕид врз нив.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе