Мајк Помпео ќе потпише договор за јакнење на американското воено присуство во Полска

Американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на посетата на Полска се очекува да потпише договор за зајакнување на американското воено присуство во земјата со дополнителни 1.000 војници, соопштија вчера извори блиски до канцеларијата на полскиот претседател.

Фото: ЕПА

Помпео ќе го потпише договорот како претставник на претседателот Доналд Трамп, рече Кшиштоф Шчерски, шеф на канцеларијата на полскиот претседател Анджеј Дуда, според извештајот на државната новинска агенција ПАП.

Договорот е реализација на декларацијата потпишана од американскиот и полскиот претседател минатата година, рече тој.

Помпео треба да посети четири земји за време на неговата турнеја низ Централна и Источна Европа, почнувајќи со Чешката Република. Потоа ќе ги посети Словенија, Австрија и Полска.

Во Варшава се очекува на 15 август.

Договорот за посилна воена соработка предвидува и преместување на дел од седиштето на 5-от корпус на американската армија во Полска, од Форт Нокс во Кентаки.

Сега има околу 4.500 американски војници и друг воен персонал во Полска, централноевропска членка на НАТО.

Договорот со Полска доаѓа во време кога САД повлекуваат 11.900 војници и персонал од Германија и ќе ги намалат од 36.000 на 24.000.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе