Црна Гора

Мафијашка ликвидација среде бел ден, блокиран цел Херцег Нови

Во Херцег Нови утринава во 9 часот е убиен Шќепан Рогановиќ, за кој полицијата знае дека е близок до мафијашкиот кавачки клан, јавуваат црногорските медиуми.

Убиството се случило кај Канли кула, а полицијата го блокирала градот. „По извршителот се трага“, соопшти црногорската полиција.

Шќепан Рогановиќ е брат на Душко Рогановиќ, кој беше тешко повреден во експлозија на бомба во Херцег Нови во 2017 година.

Тој во експлозијата остана без двете нозе. Додека се лекувал, таткото на Шќешан и Душко, Нико Рогановиќ, бил убиен во заседа пред неговиот стан во Херцег Нови.

На крајот на декември 2018 во Виена беше убиен братучедот на Шќепан и Душко, Владимир Рогановиќ.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе