Мафијаш-бегалец фатен откако објавувал кулинарски видеа на Јутјуб (ВИДЕО)

Италијански мафијаш по кого беше распишана меѓународна потерница беше уапсен откако своите кулинарски вештини ги прикажа преку видео на платформата Јутјуб.

Фото: Јутјуб

Италијанската полиција преку интернет стигна до Марк Ферен Клод Бјарт (53) следејќи од каде тој ги објавува снимките на Јутјуб, објави Би-би-си.

Иако го имал скриено лицето, тој заборавил да си ги покрие тетоважите. Бјарт е член на мафијашката организација Ндрангета, а бил уапсен во Доминиканската Република минатата среда и треба да биде екстрадиран во Италија.

Бјарт наводно водел мирен живот во градот Бока Чика, се вели во соопштението на полицијата.

Тој е во бегство од 2014 година, кога беше распишана потерница за негово апсење под обвинение за трговија со дрога во Холандија пред кланот Качиола, кој ѝ припаѓа на Ндрангета.

Ндрангета се смета за една од најмоќните и најозлогласени криминални групи во светот затоа што контролира поголем дел од дрогата што влегува во Европа.

Легенда под Главна слика

Фото: Јутјуб

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе