Мадуро за американските медиуми: Подготвен сум за директен дијалог со Трамп

По речиси една година, венецуелскиот претседател Николас Мадуро го даде своето прво интервју за американските медиуми.

Во интервју за Вашингтон пост, Мадуро го објасни неуспехот на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон Каракас и дека е подготвен за дијалог со Вашингтон.

„Мислам дека (американскиот државен секретар) Мајк Помпео доживеа неуспех во Венецуела и дека е одговорен за неуспехот на Доналд Трамп во неговата политика кон нашата земја. Мислам дека Трамп имаше одвратни советници за Венецуела. (Поранешниот советник за безбедност) Џон Болтон, Мајк Помпео и (специјалниот претставник на САД за Венецуела) Елиот Абрамс го доведоа до погрешна претстава“, изјави Мадуро за Вашингтон пост.

Лидерот на Венецуела исто така изрази подготвеност за директен дијалог со Трамп.

„Ако постои почит меѓу владите, без разлика колку се големи Соединетите Американски Држави и ако постои дијалог, размена на вистинити информации, бидете уверени дека можеме да создадеме нов вид на односи“, увери претседателот на Венецуела.

Тој додаде дека е подготвен да разговара со лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, но истакна дека нема да го исполни неговото барање за напуштање на функцијата претседател.

Во Венецуела минатиот јануари започнаа протести против претседателот Николас Мадуро, кратко време откако положи заклетва. Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо се прогласи за привремен претседател врз основа на фактот дека во моментот на „државниот пресврт“ тој беше претседател на парламентот.

Некои европски земји и Соединетите Американски Држави го признаа Гуаидо за претседател. Мадуро, од своја страна, го нарече Гуаидо „американска марионета“.

Русија, Кина, Куба, Боливија, Турција и бројни други земји го поддржаа Мадуро како единствен легитимен претседател на Венецуела. Москва го оцени „претседателскиот статус“ на Гуаидо како непостоечки.

Гуаидо подоцна призна дека пресвртот бил неуспешен. Тој на 5 јануари беше сменет од местото претседател на Националното собрание на Венецуела. На негово место дојде провладиниот пратеник Луис Пара. Голем број западни земји не ја признаа оваа одлука.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе