И покрај замрзнувањето на преговорите

Мадуро: Спремни сме за договор со опозицијата, со почитување на Венецуела

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека власта е спремна на „постигнување договор“ со опозицијата и покрај замрзнувањето на преговорите пред три дена.

„Верувам во политички, општествен и економски дијалог, бидејќи верувам во зборот“, кажа Мадуро синоќа на собир во Каракас на кој беа осудени најновите американски санкции против Венецуела.

Мадуро изрази спремност за „дијалог, постигнување договор, но со почитување на Венецуела“.

Мадуро пред три дена поради новите американски санкции го откажа учеството на делегацијата на владата на преговорите со претставниците на опозицијата на Барбадос, во обид да се реши политичката криза во земјата.

Венецуела со месеци минува низ длабока политичка крза поради борбата на претседателот Николас Мадуро и лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо кој сам се прегласи за привремен претседател на државата и кого го признаа 50-тина земји, предводени од САД.

Земјата е погодена и од сериозна економска криза која дополнително е влошена од американските финансиски санкции воведени во обид за симнување на Мадуро од власта. Во Венецуела има недостиг од основните намирници и лекови.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе