Мадуро: Освоивме мнозинство на изборите

Политичкиот сојуз на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, освои мнозинство на вчерашните парламентарни избори во земјата, кои беа бојкотирани од водечките опозициски партии, додека некои меѓународни организации изборите ги оценија за „наместени“.

Фото: ЕПА

Победата сега му дава на Мадуро контрола врз целата влада.

„Повторно освоивме мнозинство во Националното собрание со гласовите на граѓаните. Без никаква дилема, тоа е голема победа за демократијата“, рече Мадуро, пренесе АП.

Обединетата социјалистичка партија на Венецуела на Мадуро и нејзините коалициски партнери освоија 67 проценти од местата во парламентот, изјави Индира Алфонс, претседател на изборната комисија, додавајќи дека на изборите учествувале само 31 процент од 20 милиони регистрирани гласачи, пренесе Ројтерс.

Со Националното собрание досега претседаваше Хуан Гуаидо, кој речиси две години се обидува да го симне од власта Мадуро и да ѝ стави крај на кризата во Венецуела.

Гуаидо е отворено поддржан од Вашингтон.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе