„Масовна кампања“

Мадуро: Ќе ги вакцинираме сите жители на Венецуела

Венецуела ќе почне со масовна кампања на вакцинација против коронавирусот меѓу декември и јануари со вакцини од Русија и Кина, кажа синоќа венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

EPA-EFE

Тој во телевизиското обраќање кажа дека вакцинирањето приоритетно ќе почне со лицата што веќе боледуваат од други болести и постарите лица, како и со наставниците, лекарите и негувателите.

Потоа кампањата ќе се прошири на целото население.

„Ќе ги вакцинираме сите жители на Венецуела“, порача Мадуро.

Јужноамериканската земја на почетокот на октомври доби одредено количество од руската вакцина Спутник V за да спроведе клинички тестирања на околу 2.000 волонтери, меѓу кои и синот на претседателот Николас Мадуро, Гера.

Тестирањата треба да почнат до крајот на овој месец, наведе владата.

Државата со 30 милиони жители има забележано 87.644 заразени со коронавирусот и 747 смртни случаи од почетокот на пандемијата според официјалните податоци, кои ги оспоруваат организации како Хјуман рајтс воч кои сметаат дека бројките не се реални.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе