Мадуро го започна вториот претседателски мандат

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го започнува својот втор мандат, и покрај меѓународните критики дека неговиот реизбор е незаконски.

На Мадуру му замераваат бидејќи уште повеќе ќе ја изолира оваа јужноамериканска земја оптоварена со голема економска криза.

Мадуро победи на изборите минатата година и покрај економскиот хаос, воглавно поради тоа што опозицијата го бојкотираше гласањето во 2018, пренесе Ројтерс.

Додека лидерите на опозицијата тврдат дека инаугурација ќе биде момент кога Мадуро во светот ќе биде окарактеризиран како диктатор, венецуелскиот претседател вели дека тие се обидуваат церемонијата на давање заклетва да ја претворат во „светска војна“.

„Но, нека врнат дождови, нека има молњи и грмотевици, ние ќе триумфираме“, изјави вчера Мадуро.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе