Мадуро го отфрли ултиматумот: Нема да има претседателски избори

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го отфрли ултиматумот од повеќе европски земји за организирање на нови претседателски избори.

Во разговор за шпанската телевизија Сеста, Мадуро рече дека нема да попушти пред притисокот на оние кои сакаат тој да замине, а го поддржуваат неговиот противник Хуан Гуаидо.

Шпанија, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија, Португалија и Австрија од Мадуро побараа да распише предвремени избори, велејќи дека во спротивно ќе го признаат Гуаидо за претседател на Венецуела.

„Зошто Европската унија треба да ѝ каже на една земја во која веќе имало избори дека треба да ги повтори претседателските избори бидејќи на нив не победиле нивните сојузници од десницата“, запраша Мадуро за шпанската телевизија за која интервјуто тој го даде од Каракас, пренесе Франс24.

Тој смета дека иницијативата за меѓународна контактна група во која би биле ЕУ и земјите од Латинска Америка, како Уругвај и Мексико, а која треба да се состане во Монтевидео во четврток е добра.

„Ја поддржувам оваа конференција. Верувам дека оваа иницијатива ќе овозможи да се седне на преговарачка маса, дека е добра за дијалог меѓу граѓаните на Венецуела, да се надминат нашите несогласувања, да се изготви план и да се решат проблемите“, оцени тој.

Неколку часа пред истекот на ултиматумот, во Отава требало да се одржи средба на министрите за надворешни работи на Групата од Лима, во која се наоѓаат Канада и десетина земји од Латинска Америка. На состанокот, исто така, би требало да се придружат и некои други учесници, се вели во соопштението на Канадското Министерство за надворешни работи.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео би требало да учествува преку видео линк, а Европската унија ќе даде свој придонес.

Во неделата канадскиот премиер Џастин Трудо зборуваше по телефон со Гуаидо и повика на организирање на „слободни и фер“ претседателски избори и потврди дека Мадуро нема легитимитет.

Некои земји, како што се САД, Канада и бројни земји од Латинска Америка, веќе го признаа Гуаидо за претседател на Венецуела.

Мадуро има поддршка од Русија, Кина, Северна Кореја и Турција и ги обвинуваат САД дека стојат зад државниот удар.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе