Луксембург воведува бесплатен јавен превоз

Луксембург денес започна со бесплатен јавен превоз, што владата го претставува како важна социјална мерка, додека критичарите велат дека се работи само за маркетиншки потег што нема да ги реши проблемите што владата ги истакнува во својата одлука.

„Воведувањето бесплатен јавен превоз е важна социјална мерка“, рече министерот за транспорт на Луксембург, екологот Франсоа Бауш.

Оваа мерка ќе резултира со просечна заштеда од околу 100 евра годишно за секое домаќинство.

Се најавува дека Луксембург има намера да инвестира во проекти насочени кон подобрување на транспортната инфраструктура.

За железничката мрежа е предвидено 3,2 милијарди евра до 2027 година, планот е да се адаптираат автобуските линии, двојно да се зголеми бројот на местата за полнење електрични автомобили, да се подобри велосипедската мрежа на патеки и да се прошири трамвајската мрежа, објави владата.

Сепак, планот не е едногласно пречекан со раширени раце, јавува Би-би-си.

„Со години се вложуваше во изградба на патишта. Владата прави напори, но многу заостануваме кога станува збор за развој на мрежата за јавен превоз“, рече Бланш Вебер, претседателка на луксембуршката еколошка организација Еколошко движење.

Поради тоа, таа верува, подобрувањето на понудата е поважно од одлуката превозот да биде бесплатен.

Во Луксембург, околу 47 проценти од луѓето на работа одат со автомобил, 32 проценти користат автобуси и 19 проценти воз. За споредба, во Париз 70 проценти од луѓето патуваат со јавен превоз.

Маркус Хесе, професор по урбанизам на Универзитетот во Луксембург, смета дека ова е погрешно решение за сложен проблем.

И прашањето е дали транспортот навистина ќе биде бесплатен, вели тој, затоа што даночните обврзници ќе треба да платат за тоа.

„Само затоа што се нарекува бесплатен, не значи дека никој нема да го плати“, рече Бауш, кој е член на луксембуршката партија на Зелените.

Владата има неколку причини за својата одлука: зборува за социјални мерки, сака да ги тргне автомобилите од патиштата - Луксембург има повеќе автомобили на 1.000 жители од која било земја на ЕУ, сака 20 проценти повеќе луѓе во јавниот превоз за пет години и ги предупредува жителите на проблемите со животната средина.

Луксембург има огромен проблем со метеж во сообраќајот. Голем број луѓе патуваат во таа земја на работа од Белгија, Франција и Германија, привлечени од високите плати.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе