Британските весници реагираат на „избеганиот“ БоЏо

„Луксембург му се смее на Џонсон в лице“

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, ноншалантно гестикулирајќи кон празен подиум, се појави на насловните страници на весниците во Велика Британија во вторникот, додека медиумите го преџвакуваат живописното патување на премиерот Борис Џонсон во Европа.

Незгодната прес-конференција е главна сторија во скоро секој весник, при што политичката наклонетост на секоја публикација станува очигледна додека ја разработуваат одлуката на Џонсон да не прима прашања од новинарите поради присуството на гласни демонстранти против брегзитот.

„Луксембург му се смее на Џонсон в лице“ беше насловот на насловната страница на „Дејли телеграф“, каде што се вели дека обидите на Џонсон да ги почне разговорите пропаднале откако тој бил „фатен во заседа“ од водачот на најмалата земја на блокот.

„Не е ни чудо што Велика Британија гласаше за напуштање на ЕУ“, стои на Дејли експрес под поднасловот, во кој Бетел, опишан како „водач на мал даночен рај“, се обвинува дека го навредил Џонсон со „инсцениран протест против брегзитот“.

„Џонсон замина понижен, а посетата за брегзитот заврши со хаос“, е ставот од другата страна на спектарот, на либералниот весник „Гардијан“, кој истакна дека тврдењата на премиерот за напредок во преговорите за брегзитот се побиени по неговата хаотична посета на Луксембург.

Можеби предвидувајќи дека ќе ја имаат сите, Тајмс не објави фотографија на Бетел на својата насловна страница. Тој извести дека лидерот на Луксембург ја исмевал брегзит-стратегијата на Џонсон откако овој се повлече од прес-конференцијата, под наслов: „Ториевците гневни за заседата на Џонсон во Европа“.

„Сè заврши со потсмев“ објави „Метро“, кој смета дека Џонсон бил „избркан од разговорите со ЕУ“, додека „Фајненшл тајмс“ го нарече лидерот на Велика Британија „невидлив човек“.

Објавено

Среда, Септември 18, 2019 - 08:18

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе