Луксембург ќе стане првата земја во светот со бесплатен јавен превоз

Како што пренесува Гардијан, повторно избраната коалициска влада на чело со Ксавиер Бетел планира да го укине плаќањето на превозот во возовите, трамваите и автобусите и тоа уште следното лето.

Демократската партија на Бетел, која ќе формира влада со левичарската партија на Социјалистичките работници и со Зелените, се обврза дека животната средина ќе ѝ биде приоритет.

Тоа ѝ беше едно од главните предизборни ветувања во кампањата, а покрај бесплатниот превоз ширум земјата, планира да го легализира канабисот и да воведе два нови државни празници.

Градот Луксембург, главниот град на земјата, го има еден од најгустите сообраќаи во светот и сообраќајните метежи се чести.

Во градот живеат околу 110.000 луѓе, но уште околу 400.000 луѓе секојдневно во градот доаѓаат на работа. Студијата спроведена во градот покажува дека возачите во градот просечно поминувале 33 часа во сообраќајните метежи во 2016 година.

Целата земја има 600.000 жители, но околу 200.000 жители од пограничните региони во Франција, Белгија и Германија секојдневно доаѓаат во Луксембург да работат.

Ова лето, владата на Луксембург веќе воведе бесплатен јавен превоз за секое дете и за сите помлади од 20 години. Средношколците пак имаат слободно возење од училиште до дома.

Лицата кои работат во градот плаќаат 2 евра за два часа возење со јавен превоз. Овие два часа ги покриваат речиси сите локации во земјата, сооглед дека нејзината површина е 2590 квадратни километри.

Сепак, од 2020 година владата ќе го укине плаќањето на јавниот превоз, а некои детали допрва треба да се решат. На пример, регулирањето на првата класа во возовите.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе