Лукашенко: Зеленски наскоро ќе потпише капитулација ако го одбие договорот

Русија ѝ нуди на Украина апсолутно прифатлива опција за договор, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Фото: ЕПА

„Русија ѝ нуди на Украина апсолутно прифатлива верзија на договорот, тоа сигурно го знам“, рече Лукашенко, истакнувајќи дека сè уште е можно Зеленски да потпише договор со Путин.

„Доколку Зеленски одбие да го стори тоа, тогаш верувајте ми, за кратко време ќе мора да потпише чин на капитулација“, рече Лукашенко.

Русија „нема да ја изгуби оваа војна“, рече белорускиот претседател. „Убеден сум дека овој конфликт, руската операција, наскоро ќе заврши и ќе се постигне мир“.

Тој нагласи дека Западот нема да ја вовлече Белорусија во овој конфликт, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

„Убеден сум дека нема да мора да се бориме со Украина. Западот нема да нè вовлече во овој конфликт“. Белоруските власти се „доволно паметни да не бидат вовлечени во конфликтот кон кој нè туркаат Американците заедно со своите партнери“, рече Лукашенко.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе