Лукашенко за демонстрантите: „Бегаат како стаорци“ (ВИДЕО)

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко со презир го искоментирал заминувањето на демонстрантите од неговата резиденција во Минск, нарекувајќи ги страшливци.

Screenshot

Полицијата која ја обезбедува претседателската палата му ветила на Лукашенко дека ќе остане со него до крајот.

На снимката која ја објави државната телевизија на Белорусија се гледа како Лукашенко гледа низ прозорец на хеликоптер, а потоа стапува во врска со, најверојатно, пилотот, на кого му наредува: „Поблиску, поблиску до плоштадот... Не го гледам плоштадот... лево, уште лево“, мислејќи на Плоштадот на победниците каде што се движеле демонстрантите во правец на центарот.

Низ прозорецот се гледа и кордонот од полицајци и полициска техника кои на демонстрантите им го спречиле патот кон претседателската резиденција.

„Бегаат како стаорци“, го коментира Лукашнко заминувањето на демонстрантите од претседателската палата.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе