Лукашенко: Војната во Украина наскоро ќе биде готова, некој ќе мора да одговара

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко вети дека нема да штеди напори за да спречи војна во својата земја и да го обезбеди нејзиниот економски раст.

EPA-EFE

Државната новинска агенција Белта објави дека Лукашенко потсетил на бројните искушенија и неволји низ кои Белорусија мина од 2020 година.

„Но, ова е само почетокот. Најлошото допрва доаѓа. Мораме сега да почнеме и да ја искористиме можноста да ја изградиме својата улога и да направиме сè за економијата да функционира, а војната да биде спречена. Тоа е она што е денес клучно. Тоа е мојата цел, мојата мисија“, кажа Лукашенко.

Тој кажа дека војната во Украина наскоро ќе биде завршена и дека некој ќе мора да биде повикан на одговорност, пренесе ТАСС.

„Не само во морална смисла. Тие мора да ја префрлат одговорноста на некого и затоа се обидуваат да ја префрлат на Лукашенко и (рускиот претседател Владимир) Путин. Тоа нема да им успее“, додаде Лукашенко.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе