Положи заклетва за шести мандат, и покрај протестите

Лукашенко во прво лице множина: Никогаш не баравме да нѐ признаат, да ги признаат нашите избори

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја отфрли одлуката на повеќе светски влади да не го признаат за легитимен претседател по спорните избори во август и репресијата над демонстрантите.

EPA-EFE

„Тие велат дека не нѐ признаваат. Знаете, никогаш од нив не сме барале да нѐ признаат, да ги признаат нашите избори, да го признаат нашиот реизбран претседател“, кажа Лукашенко, кој за себе често зборува во прво лице множина.

Лукашенко во средата даде заклетва за новиот, шести претседателски мандат, и покрај протестите и барањата да се повлече по 26-годишното владеење.

Европскиот парламент минатата недела усвои резолуција со која ги отфрли официјалните резултати од августовските претседателски избори во Белорусија и наведе дека Лукашнко нема да го смета за легитимен претседател откако ќе го почне новиот мандат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе