Белорускиот претседател

Лукашенко: Во оваа земја никој нема да умре од коронавирусот

Белорускиот претседател Александар Лукашенко кажа денес дека во неговата земја никој нема да умре од коронавирусот и така уште еднаш ја отфрли потребата за поостри мерки кои ги воведоа повеќето земји за да го сузбијат ширењето на пандемијата.

Ова е последната во низата изјави на белорускиот лидер кој го смета стравот од ширењето на болеста за „психоза“ и во неколку наврати предлагаше пиење вотка, одење во сауна и возење трактор како средства за борба против вирусот.

Сосема спротивно на другите европски земји, Белорусија ги остави своите граници отворени, па дури и дозволи одржување на фудбалските натпревари на националната лига со гледачи.

Белоруските цркви се исто така отворени пред православниот Велигден на 19 април..

„Во оваа земја никој нема да умре од коронавирусот. Јавно го кажувам тоа“, порача Лукашенко. „Веќе најдовме комбинација од лекови кои можат да ги спасат луѓето“.

Министерството за здравје објави дека во Белорусија има 2.919 случаи на зараза со коронавирусот и 29 смртни случаи.

Но, Лукашенко кажа дека смртните случаи се резултат на постоечки здравствени проблеми кај пациентите, како срцеви болести и дијабетес.

„Затоа, можам да кажам дека никој не умрел само од коронавирусот“.

Тој ги охрабри луѓето да го задржат позитивниот став.

„Ако луѓето останат позитивни, ќе бидат здрави“, го цитираше Лукашенко државната агенција БеИТА.

Неговите коментари доаѓаат откако СЗО во саботата кажа дека Белорусија треба да воведе нови мерки во борбата со пандемијата, која во источноевропската земја со 9 милиони луѓе влегува во „загрижувачка нова фаза“.

Лукашенко во неколку наврати истакна дека е позагрижен за состојбата на економијата отколку за вирусот.

Министерството за здравје ги поттикна граѓани да ги ограничат социјалните контакти, но државните медиуми се потсмеваат со стравовите врзани со ширењето на болеста.

Еден експерт неодамна кажа „дека е време Белорусите да покажа дека не се хистерична млада дама која го покрива лицето со маска“.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе