Претседателот на Белорусија

Лукашенко во Белград пречекан со химна, почесен оган и црвен ќилим (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ го пречека претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во Белград.

Посетата на Лукашенко се слушува на 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Белград и Минск, кои во последните години ги одбележува развој на економската соработка и трговската размена, јавуваат српските медиуми.

По дочекот, со построена гарда на српската војска, интонирањето на химните и плотуните во чест на високиот гостин, следеше разговор на двајцата претседатели а потоа и пленарна средба на делегациите на Србија и Белорусија.

Лукашенко вчера попладне пристигна во Белград, каде на аеродромот Никола Тесла, со погача и сол, го пречека српскиот претседател. Потоа Вучиќ и Лукашенко, единствениот претседател кој во Белград дојде и за време на бомбардирањето на НАТО, положија венци на гробиштата на ослободителите на Белград и на Споменикот на црвеноармеецот.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе