Лукашенко вели дека го смета Путин за свој постар брат

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го смета за свој постар брат.

Фото: ЕПА

Лукашенко исто така рече дека никогаш не почувствувал никаков притисок од рускиот лидер, пренесува Тасс.

Тој во телевизиско интервју со украинскиот новинар Дмитриј Гордон рече дека навистина го смета Путин за постар брат, но не во подредена смисла, туку во однос на возраста и во политичка смисла.

„Тој ми е навистина како постар брат, во смисла на годините и на политичката тежина. Улогата на постариот брат е да помогне, да поддржува и да советува, не да ве сопнува, туку да даде поддршка“, истакна Лукашенко.

Тој призна дека има одредени тензии во неговиот однос со Путин, но само затоа што и двајцата се „личности со силен карактер“.

„Говорејќи за наводниот притисок на рускиот претседател, Лукашенко истакна дека Путин никогаш не вршел притисок врз него, затоа што тој знае дека тоа би било целосно бескорисно“, пренесе Тасс.

„Секогаш се согласувам на компромис, но ако станува збор за државата или гледам дека не е фер, тогаш е неприфатливо за мене“, додаде Лукашенко.

Лукашенко рече дека иако го смета Путин за свој пријател, некои од нивните дискусии од време на време може да бидат многу чувствителни.

„Ние сме многу добри пријатели и покрај споровите што можат да се појават. Се надевам дека ќе останеме пријатели во смисла дека сум слободен да кажам сè што верувам дека мора да се каже. Исто и обратно“, рече Лукашенко. „Можеби од време на време ќе кажеме и некој силен збор во машки разговор. Но, никогаш немало викање. Внимавам на моите манири во овој поглед и Путин воопшто нема навика да го крене својот глас“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе