Путин неколку пати беше обвинет дека сака да го обнови Советскиот Сојуз, кој се распадна пред 30 години. Тој ги отфрла таквите тврдења. Многу луѓе во двете држави, кои веќе градат тесен сојуз, исто така стравуваат дека Русија би можела да ја припои Белорусија од која економски целосно зависи.
Лукашенко во моментов на покана на Путин престојува на рускиот далечен исток, на брегот на Тихиот Океан. Белорусија ѝ е важен сојузник на Русија во војната против Украина. За разлика од Лукашенко, меѓународните аналитичари сметаат дека придружување на Белорусија на Руската Федерација е сосема реално.
Од претседателските избори во 2020 година, на кои победи Лукашенко, Минск сè повеќе почна да зависи од Москва. Белорусија сега е речиси целосно финансиски изолирана од Западот, но и воено зависна од Русија.