Белорусија

Лукашенко велеше дека пандемијата е психоза, сега заради короната ги затвори границите

Белорусија во четвртокот ги затвори своите граници со Летонија, Литванија, Полска и Украина, како причина ја наведе „епидемиолошката ситуација", иако белоруските лидери со месеци ја минимизираа заканата од пандемијата на коронавирусот.

Фото: ЕПА

„Мора да ги затвориме границите“, рече претседателот Александар Лукашенко. Тој претходно пандемијата ја опишуваше како „психоза“. Според официјалните податоци, во земјата биле заразени 96.529 лица, а 973 починале.

Од петок патувањата ќе бидат ограничени, а границите ќе останат отворени само за дипломати и за сообраќај на камиони, соопшти државната агенција за граници.

Се шпекулираше дека границите се затворени од политички причини, бидејќи односите на Белорусија со четирите земји се влошија како резултат на протестите против владеењето на Лукашенко. Голем дел од демонстрантите избегаа во соседните земји за да избегнат апсење, а некои белоруски граѓани претходно оваа недела се пожалија дека не им е дозволено да се вратат во земјата.

Ниту една од четирите земји не ја признава спорната победа на Лукашенко на изборите во август, за разлика од главниот сојузник на белорускиот лидер, Русија. Иако земјата ја има една од најтешките епидемии на коронавирус, руско-белоруската граница останува отворена.

Активистката Светлана Тихановскаја, која многумина ја сметаат за вистинска победничка на изборите, во моментов е во егзил, рече дека затворањето на границите е знак на слабост на Лукашенко. „Тој донесува одлуки кои не се промислени затоа што е во паника“, рече Тихановскаја.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе