Лукашенко: Украина ќе мора да се согласи на примирје инаку ќе биде целосно уништена

Белорускиот претседател Александар Лукашенко одговараше на прашања на руските новинари на маргините на самитот на Организацијата на договорот за колективна безбедност, кој се одржува во Ереван. Лукашенко порача дека за завршување на конфликтот во Украина се нужни преговори инаку Украина ќе се соочи со целосно уништување, пренесува белоруската агенција Белта.

EPA-EFE

„Сè е во рацете на Украина. Ова не го кажувам затоа што (украинскиот претседател Володимир) Зеленски или Украина сами се носат со ситуацијата. Навистина, сега сè е во рацете на Украина“, одговори белорускиот лидер на прашањето дали на самитот се расправало за можноста за мировен договор со Украина. додаде дека ситуацијата во Украина не била главна тема, туку само била спомната попатно.

Лукашенко кажа дека ако Украина не сака луѓето да умираат, тогаш конфликтот мора да прекине. „Тешко е, тешко, болно, но тие мора тоа да го направат ако сакаат да се опорават. Тоа треба да се сопре. Бидејќи инаку ова ќе биде целосно уништување на Украина. Тоа нема да биде губење на државноста, нешто што го кажа претседателот (на Русија Владимир) Путин многу пред операцијата. Тоа ќе биде уништување на Украина. Тоа треба да се сопре“, истакна тој.

Сигурен е дека со време односите меѓу народите ќе се поправат, како што тоа се случувало многу пати во историјата по големи конфликти. „Бевме во војна со фашистичка Германија. Изгубивме 30 милиони жители. Кој денес се сеќава на тоа: Белорусија и Русија едвај се сеќаваат. Кој друг? Раните зараснаа“, истакна белорускиот претседател.

„Спремни сме не само да разговараме со нив. Спремни сме на соработка, пријателство. Така ќе биде по овој конфликт. Ќе издржиме, ќе се излечиме. Веројатно ние, дури и нашата генерација, ќе можеме да му објасниме на украинскиот народ што се случи. Затоа мировни преговори се неизбежни. Мир, мир и уште еднаш мир“, кажа тој.

„Европа конечно ги отвори очите. Ако европските лидери не успеат да ја сфатат ситуацијата... Зошто им треба оваа војна на нивниот праг? Ќе ги збришат и (германскиот канцелар Олаф) Шолц и (францускиот претседател Емануел) Макрон од должност. Ќе се случи, ќе видите“, додаде.

„Гласовите кои повикуваат на мировни преговори стануваат сè погласни и во и надвор од Украина. сите тие антивоени сили, а ги има сè повеќе, го туркаат раководството на Украина на преговори“, оптимистично заклучи Лукашенко.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе