Лукашенко: Тие сакаат Белорусија да стане уште една Украина, но тоа нема да се случи

Претседателот ан Белорусија Александар Лукашенко изјави денес дека Западот врши притисок врз Белорусија со цел да ја претвори во втора Украина.

EPA-EFE

Истакна дека и покрај притисоците тоа нема да се случи.

„Тие сакаат Белорусија да стане уште една Украина, која ја опишуваат како демократска и развиена земја“, кажа Лукашенко за агенцијата БелТА.

„Пред два дена добија јасен одговор. Никогаш нема да станеме како Украина. Затоа што сме Белоруси и имаме своја визија на нашите перспективи“, кажа Лукашенко на конференција за општествено-економскиот развој на земјата.

Тој изрази уверување дека меѓу присутните во салата и меѓу обичните граѓани кои сакаат нормален живот за себе и своите деца, нема никој кој сака Белорусија да стане уште една Украина.

Лукашенко го сврте вниманието на фактот дека Белорусија се нашла во самиот центар на глобалната конфронтација на Западот со Русија.

„Белорусија нема да ја издаде Русија бидејќи земјите се соочуваат со надворешен притисок“, кажа претседателот на Белорусија.

„Не е тајна дека се води хибридна војна, војна која почна одамна и не само против нас“, порача белорускиот лидер.

„Тоа е пред сè против Руската Федерација, а ние сме само алка во тој притисок врз Русија“, истакна тој.

Мигрантската криза на границата на Белорусија со ЕУ е уште еден начин да се изврши притисок врз Белорусија и Русија, кажа Лукашенко.

„Можеме ли да го смениме курсот и да ги издадеме Русија и рускиот народ? Не можеме“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе