Лукашенко: Спремен сум да ја преземам контролата над украинско-руската граница

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека е спремен да испрати миротворци во Донбас и да ја преземе контролата врз украинско-руската граница.

„Ако постои желба за тоа да влеземе и да ги затвориме тие 400 километри граница која ги дели Украина и Русија, која Киев во моментов не ја контролира, ние тоа ќе го направиме“, кажа Лукашенко, а пренесуваат руските медиуми.

Белорускиот претседател истакна и дека конфликтот на југоистокот на Украина за него претставува голем проблем, но дека е спремен да испрати „миротворци, граничари, војници, што и да посакаат“.

„Ние сме спремни да го затвориме тој дел од границата доколку постои согласност од двете страни“, додаде Лукашенко.

Тој кажа дека се придржува до принципот на единствена и неделлива Украина, и дека Минск ќе продолжи да пружа максимална поддршка на решавањето на конфликтот во Донбас.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе