Лукашенко: Спречив обид за државен удар, обид за напад врз мене и моето семејство

Белорускиот претседател Александар Лукашенко кажа дека спречил обид за државен удар и атентат врз него и неговото семејство, кој го планирале Соединетите Американски Држави, и објави дека се уапсени две лица со помош на Москва.

EPA-EFE

Белоруската безбедносна служба КГБ објави синоќа дека во „специјална операција“ растурила „организирана група со терористички намери која планирала физичка елиминација на претседателот и неговото семејство“ и „организирање оружен бунт за да се преземе власта по насилен пат“.

Според тврдењата на Лукашенко руската безбедносна служба КГБ во Москва уапсеила двајца белоруски државјани, политикологот Александар Федута и адвокатот Јури Зенкович кој има и американско државјанство.

„Ја приведовме групата, ни покажаа како сè планирале, ја останав без зборови. Потоа ја откривме работата на разузнавачките служби кои јасно беа странски, многу веројатно ЦИА и ФБИ“, кажа Лукашенко во видео кое го објави претседателскиот кабинет.

Ни Русија ни САД не ги коментираа тврдењата на Лукашенко.

Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја, која се наоѓа во Литванија, ги осуди провокациите од руските и белоруските безбедносни служби во кои се вовлечени граѓани на Белорусија и САД.

Лукашенко, кој е на чело на земјата од 1994 година, со месеци е соочен со протести со кои се оспорува неговиот повторен избор на местото претседател на изборите во август минатата година.

Во протестите учествуваа десетици илјади граѓани на улиците на Минск и другите градови пред постепено да стивнат поради постојаната репресија на власта.

Повеќето лидери на опозицијата се затворени или приморани да одат во егзил.

И покрај европските и американските санкции воведени против Лукашенко и на високи функционери на неговиот режим, белорускиот претседател, поддржан од Москва, не дава никаков знак за отворање кон протестното движење туку ја засилува својата репресија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе