Лукашенко се „заблагодари“ на руската помош за време на посетата на Путин во Сочи (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот беше домаќин на својот белоруски колега Александар Лукашенко, додека медиумите известуваат дека гостинот од Минск бара нов заем.

EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Кремљ ја зголеми и економската и политичката поддршка за Лукашенко по неговиот реизбор во август, што нашироко се смета за наместен, а кој предизвика најголеми и континуирани масовни протести во историјата на Белорусија.

Во последните репресивни потези две новинарки кои известувале за демонстрациите биле затворени, а многу други биле приведени. Групите за човекови права велат дека во последните шест месеци стотици биле уапсени.

Во септември, Путин рече дека Москва ќе обезбеди заем од 1,5 милијарди американски долари на својот поранешен советски сосед.

Двајцата лидери се состанаа во руското одморалиште Сочи и во скијачкиот центар Краснаја Полјана.

„Многу сум благодарен за помошта што ја дадовте за белоруската економија. Морам да ве известам дека не е попусто и дека парите не се фрлени во ветар“, му рече Лукашенко на Путин.

На почетокот на овој месец, весникот Комерсант соопшти дека за нов заем, овој пат од над 3 милијарди американски долари, ќе се дискутира за време на посетата на Лукашенко на Русија.

Белорускиот лидер минатата недела ги демантираше извештаите и рече дека „не оди таму за да бара било што“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе