„Како што беше во август 2020“

Лукашенко пред Путин: Западот сака да ја дестабилизира Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, денес пред средбата со својот руски колега Владимир Путин во Сочи го обвини Западот дека сака да ја „дестабилизира Белорусија“ на која Европската Унија ѝ воведе санкции по принудното слетување на авионот и апсењето на опозицискиот активист.

EPA-EFE

„Во тек е обид за дестабилизација на ситуацијата за да биде како во август 2020“, кажа Лукашенко пред почетокот на состанокот со Путин мислејќи на големите минатогодишни демонстрации по претседателските избори кои опозицијата ги смета за наместени.

Путин денес го прими Лукашенко за да разговараат за потесни економски односи на двете земји во време кога се заоструваат односите на Белорусија, ЕУ и САД по инцидентот со авионот.

Москва во последните денови му даде повеќе знаци на поддршка на својот белоруски сојузник на кого Европејците му воведоа санкции обвинувајќи го Минск дека принудно го слетал авионот на компанијата Рајанер поради наводна закана со бомба за да го уапси опозицискиот блогер.

Рускиот претседател Путин ги пофали денес „конкретните резултати“ на приближувањето со Белорусија на средбата со Лукашенко.

„Во тек е изградба на зајакната унија меѓу Русија и Белорусија. Цврсто напредуваме во таа насока. Таа работа веќе дава конкретни резултати за нашите граѓани“, кажа Путин. Целта на средбата на двата претседатели е разговор за „јакнењето на економската интеграција“ на двете земји и начинот на реагирање на „надворешните притисоци“, соопшти кабинетот на белорускиот претседател пред состанокот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе