„Мислите дека кога ќе ме задушуваат Полјаците или некои други ќе размислувам за некои договори? За што зборувате вие?“, кажа Лукашенко во интервјуто за РИА Новости.
На прашањето дали тоа сериозно го мисли, тој одговори потврдно.
„Полјаците решиле да ја затворат границата со Белорусија. Па добро, затворете ја. Ние и онака не одиме често во Европската Унија“, кажа Лукашенко.
Истакна дека денес интересот на Белорусија е во Русија и Кина, главно на истокот.
„А што ако јас ја затворам границата? Што ќе биде со протокот од Русија и Кина кој главно оди преку нас“, порача Лукашенко.