Лукашенко повторно се закани: Нема енергенси ако Полска ја затвори границата

Белорускиот претседател Александар Лукашенко се закани дека е спремен да го прекине транспортот на енергенси во случај Полска да ги затвори границите.

EPA-EFE

„Мислите дека кога ќе ме задушуваат Полјаците или некои други ќе размислувам за некои договори? За што зборувате вие?“, кажа Лукашенко во интервјуто за РИА Новости.

На прашањето дали тоа сериозно го мисли, тој одговори потврдно.

„Полјаците решиле да ја затворат границата со Белорусија. Па добро, затворете ја. Ние и онака не одиме често во Европската Унија“, кажа Лукашенко.

Истакна дека денес интересот на Белорусија е во Русија и Кина, главно на истокот.

„А што ако јас ја затворам границата? Што ќе биде со протокот од Русија и Кина кој главно оди преку нас“, порача Лукашенко.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе