Лукашенко: Не увезуваме вакцини од Западот, руските и кинеските се подобри

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денес дека не гледа причина да увезе вакцини против коронавирусот од западните земји бидејќи кинеските и руските, кои се користат во неговата земја, се подобри.

EPA-EFE

Тој додаде и дека Белорусија, покрај тоа, веќе произведува вакцини користејќи руска технологија и дека во иднина ќе се појави и белоруски лек против коронавирусот.

Во Белорусија се користат кинеската вакцина Синофарм како и руските Спутник V и Спутник лајт.

Како што претходно беше најавено, белоруските експерти до крајот на годината ќе примат пробни дози од вакцината која е развиена во таа земја, а следната година и првите комерцијални дози.

Според податоците на министерството за здравје, прва доза вакцина досега примиле 2,7 милиони Белоруси, а целосно се имунизирани над 2 милиони од вкупно 9,35 милиони жители.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе