Лукашенко: Не сме агресори, но ќе ја поддржиме Русија на секој начин

Белорусите не се агресори, но ќе ја поддржиме Русија на секој можен начин, изјави денес претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

EPA-EFE

Тој, на церемонијата на положување венец на Споменикот на победата по повод 77-годишнината од победата над нацизмот, кажа дека Белорусите немаат право да не ја поддржуваат Русија.

„Секогаш сме биле заедно, секогаш сме биле обединети. Нема да можете да нè распарчите и раздвоите“, истакна Лукашенко.

На Западот му порача дека Белорусите се мирољубиви, но да не се ни обидува со Минск да разговара од позиција на сила.

Зборувајќи за западните санкции, Лукашенко кажа дека тие „не се шеќер“, но дек Белорусија ќе издржи и дека санкциите „ја челичат“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе